Почетна » Новости » Мода » Моќно дуо: Кејт Мос и Кара Делавин се новите ѕвезди на Mango

Моќно дуо: Кејт Мос и Кара Делавин се новите ѕвезди на Mango

Експлозивното дуо составено од Кејт Мос и Кара Делавин ќе го видиме во новата модна кампања на Mango.

Шпанскиот бренд со една фотографија ја најави претстојната кампања #somethingincommon за сезоната есен/зима 2015.

Кејт Мос и Кара Делавин

Мос двапати претходно има соработувано со Mango. „Одлично е да се работи повторно со Mango, бидејќи е свеж и модерен бренд. Инез и Винуд на совршен начин ја уловија енергијата на фотосесијата. Со Кара секогаш се забавуваме заедно, а тоа може навистина да се види во оваа кампања“ – коментирала 41-годишната Мос.

И Кара не штедела убави зборови за новиот проект и за здружувањето со Кејт. „Ние сме убиствена комбинација. И лично и професионално ѝ се восхитувам, таа е вистинска модна икона. Привилегија е да учам и да го споделувам ова искуство со неа“ – рекла Делавин.

Кејт Мос и Кара Делавин Кејт Мос и Кара Делавин

Фотосесијата била снимена во мај во Торонто, од страна на фотографите Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.