Почетна » Новости » Мода » Модно изненадување: Кралицата Елизабета на ревија во Лондон покрај Ана Винтур која е критикувана за очилата за сонце

Модно изненадување: Кралицата Елизабета на ревија во Лондон покрај Ана Винтур која е критикувана за очилата за сонце

Кралицата Елизабета ги изненади сите со своето присуство на ревија во рамките на Лондонската модна недела. Нејзиното гостување било чувано во тајност до последен момент.

91-годишната кралица седеше во првиот ред непосредно до Ана Винтур, главната уредничка на модната библија „Вог“.

Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета

Додека тие со интерес го проследија шоуто на Ричард Квин, многумина будно ги следеа нивните реакции, а по завршувањето на ревијата, настапија критики кон Винтур за тоа што решила да ги зачува очилата за сонце на себе додека комуницирала со Кралицата.

Не се малку оние кои коментираат дека Ана не покажала почит кон Кралицата со тоа што решила да остане доследна на својот стил. Всушност, славната уредничка е позната по тоа дека носи темни очила во затворени простории.

Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета

Славната Кралица носеше светлосина креација од Анџела Кели, украсена со сваровски кристали.

Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета

По ревијата, Кралицата му ја додели на дизајнерот Ричард Квин наградата Кралицата Елизабет II за британски дизајн. Оваа награда годинава се доделува за првпат, но отсега натаму редовно ќе биде врачувана на успешни британски дизајнери од претставници на кралското семејство.

Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета Кралицата Елизабета

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.