Војвотката Кетрин и принцот Вилијам вечерва присуствуваа на свеченост во Лондон по повод доделувањето на наградите на Фондацијата „Tusk Trust“.
36-годишната припадничка на британското кралско семејство блескаше во тиркизен фустан покрај Вилијам, кој од 2005 година соработува со фондацијата фокусирана на заштита на животинскиот свет во Африка, но и намалување на сиромаштијата на овој континент.








Креацијата на Кетрин е дело на нејзината омилена дизајнерка Џени Пекам, а таа ја носеше и пред шест години на гала по повод Олимписките игри во 2012 година.





