Почетна » Новости » Мода » Мејкап артистката на Ријана советува: Со сапун скротете ги веѓите, пудра избирајте според нијансата на рамото

Мејкап артистката на Ријана советува: Со сапун скротете ги веѓите, пудра избирајте според нијансата на рамото

Ријана направи бум во светот на декоративната козметика со лансирањето на Fenty Beauty. Присила Оно, која е глобална мејкап артистка на брендот, има огромно искуство и одлични совети за шминка.

Ова се нејзините трикови околу кои треба да размисли секоја жена:

Ријана

Избирајте ја пудрата според нијансата на вашето рамо

„Ако вашето лице е посветло од телото, пудрата треба да одговара на телото, а не на лицето. Доближете го рамото до образот за да видите дали одговара.“

„Постојано го правиме ова, затоа што тонот на кожата на Ријана постојано се менува. Многу лесно потемнува кога се сонча, но и лесно осветлува“ - вели таа.

Ријана

Користете сапун за фиксирање на веѓите

Со помош на четкичка и сапун, Присила ги обликува и фиксира веѓите на своите клиентки. „Тоа е стар мејкап трик“ - вели таа.

Ријана Ријана

Не се плашете од црвен кармин

„Ако некогаш се двоумите, ако се чувствувате дека шминката ви е малку слаба, ставете црвен кармин, секогаш, без оглед на сè, вашиот изглед ќе се истакне“ - советува Присила.

A post shared by Priscilla Ono (@priscillaono) on

За совршени „мачкини очи“ со туш отворете го окото

Најпроблематичниот дел при создавањето на изглед „мачкини очи“ со туш е исцртувањето на линијата која излегува од окото. Присила советува тоа да го правиме додека окото е отворено. „Тоа е единствениот начин да знаете како навистина ќе изгледа! Исто така, полесно е ако прво ја исцртате со молив, а потоа ја поминете со течен ајлајнер“ - вели таа.

Ријана

A post shared by Priscilla Ono (@priscillaono) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.