Почетна » Новости » Мода » Македонска мода: Духот на 70-тите во новата колекција на Кокев

Македонска мода: Духот на 70-тите во новата колекција на Кокев

Тања Кокев ја претстави колекција есен/зима 2017-2018 на ревија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Модното шоу беше диктирано од духот на 70-тите години. Во рамките на ревијата беа претставени и неколку креации висока мода, а за првпат Кокев креираше и машка облека.

Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18

„Оваа колекција ја посветив на посебноста на секој од нас. Се навратив на модата и општо идејата на седумдесеттите кога начинот на облекување рефлектира став во изразувањето, индивидуалност базирана на природен изглед и различност. Навистина се залагам за различност и во изгледот и во комбинациите, за излегувањето од матрицата во која сите изгледаат исто и за слободата на изразување. Затоа оваа колекција е послободна, со вариетет на комбинации од материјали и форми кои уште повеќе ќе дојдат до израз при комбинациите на индивидуалците кои носат Кокев. Всушност и се инспирирав од тоа како сè ги комбинираат парчињата на ready-to-wear оние кои носат Кокев. Секако, повторно ги користам дизајнерските материјали препознатливи за мене за да го одржам квалитетот. Специфично овој пат е дека во колекцијата вметнав исклучиво црни и сребрени вечерни тоалети, како контраст на шаренилото на останатата колекција и дека за прв пат изработивме и машки модели. Тоа е чекор кој се уште го правам срамежливо, но се надевам дека може да прерасне во нешто поголемо“ – вели познатата дизајнерка.

Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18 Кокев - колекција есен/зима 2017/18

Режијата традиционално беше на реномираниот Дејан Пројковски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а Соња Исмаил со изборот на музика ја раздвижи и сцената и гостите.

Фотографиите, кои ги потпишува дуото Ани, ги објави познатата дизајнерка на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.