Почетна » Новости » Мода » Крај на една ера: Ана Винтур по 37 години заминува од позицијата главна уредничка на „Вог“

Крај на една ера: Ана Винтур по 37 години заминува од позицијата главна уредничка на „Вог“

Ана Винтур се повлекува од тронот на „Вог“. По речиси четири децении, 75-годишната дама со имиџ на „ледена перфекционистка со огромна моќ во светот на модата“ отстапува од позицијата главна уредничка.

Но, тоа не значи дека Винтур ќе се пензионира. Напротив, таа ќе остане глобална директорка на „Вог“ и главна директорка за содржина на Condé Nast, во чии рамки функционираат бројни магазини како Vanity Fair, GQ, AD и Glamour.

Вог

Винтур ја соопштила одлуката на состанок со вработените и најавила дека ќе бара свој заменик:

„Секој што работи во креативна област знае колку е важно никогаш да не престанеш да растеш во кариерата. Кога станав уредничка на Вог, со нетрпение сакав да им докажам на сите што беа подготвени да слушаат дека постои нов, возбудлив начин да се замисли едно американско модно списание.“

„Сега, најголемо задоволство ми претставува тоа што им помагам на новите генерации страсни уредници да навлезат во полето со нивни идеи.“

„Колку возбудливо ќе биде да работам рамо до рамо со некој нов, кој ќе нѐ предизвикува, инспирира и ќе нѐ натера сите да размислуваме за Вог на безброј оригинални начини.“

Вог

Винтур застана на чело на „Вог“ во 1988 година, а на нејзината прва насловна страница ја стави Микаела Берку облечена во фармерки од 50 долари и декориран топ од 10.000 долари. Тоа беше првпат на корица на „модната библија“ да се најдат фармерки. Строгата Ана е иницијатор и на трендот ѕвезди на насловна страница да се славни личности од шоу-бизнисот, а не само манекенки.

Вог

Се смета дека токму таа е инспирација за главниот лик во книгата „The Devil Wears Prada“ (Ѓаволот носи Прада), по која беше снимен истоимениот филм со Ен Хетавеј и Мерил Стрип.

Вог Вог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.