Кралицата Летиција одржува стилска лекција дека некои креации се безвременски.
46-годишната шпанска кралица и нејзиниот сопруг Фелипе деновиве работно се во Мароко. За посетата на мавзолејот на кралот Мухамед V, Летиција го избра белиот костум од Армани кој го носеше пред речиси 16 години на денот на објавувањето на свршувачката.
Многумина ова го протолкуваа како романтичен гест, бидејќи повторувањето на аутфитот е на Св. Валентин.
Летиција и Фелипе во 2003 година
Престојот во Мароко, Летиција го започна со сив палто-фустан.
За вечерна свеченост со кралот Мухамед VI, таа носеше бела раскошна креација.
