Почетна » Новости » Мода » Кети Пери е новото заштитно лице на H&M

Кети Пери е новото заштитно лице на H&M

Кети Пери е најновиот член на големото семејство „H&M“. Поп-ѕвездата ќе ја видиме во нова кампања на шведскиот бренд за божиќните и новогодишните празници.

Кети Пери

„H&M беше едно од местата каде започнав да го култивирам мојот личен стил. Во текот на годините продолжив да сакам да интегрирам парчиња од H&M во мојата гардероба. Една од причините поради кои ги сакам празниците е што имаш можност да се облекуваш топло и слатко“ – се вели во изјавата на Пери.

„Пресреќни сме што Кети Пери ќе биде ѕвезда во нашата кампања за оваа празнична сезона. Сакаме сè поврзано со Кети, од нејзиниот неверојатен талент и енергијата до нејзиното разиграно чувство за личен стил“ – рекла Пернила Волфарт, која раководи со одделот за дизајн во „H&M“.

Кампањата ќе биде објавена во ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.