Почетна » Новости » Мода » Еве кои се двата најнови ангели на Victoria’s Secret

Еве кои се двата најнови ангели на Victoria’s Secret

Во само еден месец, Victoria’s Secret доби четири нови ангели.

По Барбара Палвин и Алексина Грем, популарниот бренд за долна облека објави дека ангелските крилја им ги додели и на Грејс Елизабет и Леоми Андерсон.

Грејс Елизабет

Грејс Елизабет

Грејс Елизабет со возбуда ја соопшти новата улога во семејството на Victoria's Secret. „Ова е речиси нереално, се штипнувам себеси цело утро! Од моментот кога влегов во светот на моделите, целта ми беше да работам со Victoria's Secret. Денес со гордост обjавувам дека јас сум... НАЈНОВИОТ АНГЕЛ! Не можам да искажам колку им сум благодарна на целото мое семејство, пријателите и фановите за константната поддршка и што веруваат во мене. Вие сте најголемата сила зад моето патување. Многу сум возбудена за ова ново поглавје од мојот живот и мојата кариера“ - напиша таа.

22-годишната Американка започна да работи како модел пред 6 години, а за првпат дефилираше на шоу на VS во ноември 2016 година.

Грејс Елизабет Грејс Елизабет Грејс Елизабет Грејс Елизабет Грејс Елизабет

Леоми Андерсон

Леоми Андерсон

„Сè уште сум во шок... ова е нешто за кое се плашев дури и да сонувам, бидејќи никогаш не мислев дека ќе се оствари. Но, премногу сум возбудена што ќе објавам дека јас сум најновиот АНГЕЛ на Victoria’s Secret... Не ми се верува“ – напиша Леоми на Instagram.

Леоми Андерсон Леоми Андерсон

26-годишната Англичанка четири години со ред дефилира на сензационалното шоу.

Леоми Андерсон Леоми Андерсон Леоми Андерсон Леоми Андерсон Леоми Андерсон

Во 2017 година, Андерсон го лансираше сопствениот бренд, LAPP. Таа минатата година дефилираше на ревијата на Ријана за нејзината колекција долна облека.

Леоми Андерсон Леоми Андерсон Леоми Андерсон Леоми Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.