Почетна » Новости » Мода » Бред Пит на снимањето на реклама за Chanel N°5 за која ќе добие 7 мил. дол.

Бред Пит на снимањето на реклама за Chanel N°5 за која ќе добие 7 мил. дол.

Бред Пит е првиот маж кој ќе биде рекламно лице на легендарниот парфем Chanel N°5. Француската модна куќа ја објави веста во мај, а сега, само една недела пред откривањето на рекламата, објавена е првата фотографија од снимањето.

Бред Пит и Џо РајтБред Пит и Џо Рајт

На фотографијата 48-годишниот актер позира рамо до рамо со познатиот режисер Џо Рајт, кој ќе ја снима рекламата. Иако не се познати многу детали, се знае дека во рекламата Бред ќе зборува на начин кој ќе ги натера гледачите да веруваат дека ѝ се обраќа на жена, но на крајот ќе биде откриено дека „слушателот“ е парфемот.

„Веруваме дека оваа динамична и модерна кампања ќе ги натера луѓето поинаку да размислуваат за N°5“ – изјавил Андреа д’Авак, претседател на „Chanel Fragrance & Beauty“.

Лансирањето на рекламата е планирано за 15 октомври, а за соработката со Шанел, Бред Пит ќе добие 7 милиони долари.

Погледнете го интересното видео за историјата на Chanel N°5, кое ја најавува новата кампања:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.