Почетна » Новости » Мода » Амал Клуни е деловна дама со стил и важна мисија во Њујорк

Амал Клуни е деловна дама со стил и важна мисија во Њујорк

Амал Клуни деновиве престојува во Њујорк за да се бори против сексуалното насилство во услови на воен конфликт и изведување на насилниците од Исламската држава пред суд.

41-годишната адвокатка и активистка одржа говор во седиштето на Обединетите Нации додека до неа седеше Надја Мурад, која била жртва на ИСИС, а минатата година ја освои Нобеловата награда за мир со своето залагање да стави крај на користењето на сексуалното насилство како оружје во воени конфликти.

Амал Клуни

„Дами и господа, ова е вашиот Нирнбершки момент. Вашата шанса да застанете на вистинската страна во историјата. Ѝ го должите тоа на Надја. Им го должите на илјадници жени и девојчиња кои мораат да ги гледаат членовите на Исламската држава како си ги бричат главите и брадите и се враќаат во нормален живот додека тие, жртвите, никогаш не можат да го сторат истото“ - рече Клуни.

Говорејќи во име на Надја, Амал дополни: „Таа без размислување би ја заменила Нобеловата награда за мир за шанса да го добие она што го сака – шанса да се соочи пред суд со оние кои ги убија нејзината мајка и нејзините браќа и оние кои брутално повеќепати ја силуваа. Време е правдата да стане ваш приоритет.“

Амал Клуни

За посетата на ОН, Амал носеше црн фустан со копчиња од Баленсијага.

Амал Клуни Амал Клуни

Еден ден подоцна, таа беше фотографирана додека се упатуваше на состаноци во бело издание. Едноставниот фустан е дело на Зак Позен.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.