Адријана Лима го засили гламурот на Канскиот филмски фестивал. Згодната Бразилка гостуваше на премиерата на филмот „Oh Mercy!“, а нејзиниот стајлинг за црвениот тепих заслужено наидува само на комплименти.
Блескавиот фустан во мастилесто-сина боја го потпишува американскиот дизајнер Мајкл Корс, а ефектниот накит доаѓа од Шопард.























