Почетна » Новости » Мода » Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето 2019

Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето 2019

Српскиот бренд Bonatti ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите.

Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации.

Bonatti Bonatti

„Bonatti во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст -30% на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програм за плажа во нашите продавници во Скопје, Куманово, Охрид, како и преку нашата он-лајн продавница www.bonatti.mk. За нашите верни потрошувачи долната облека ја имаме и на намаление до 50%, така што имаме вистински сезонски попуст“ потенцира Драган Ангеловски, генерален менаџер за Bonatti во Македонија.

Брендот Bonatti се погрижи за сите генерации кои се љубители на едноделни, дводелни или троделни костими за капење, бикини, пуш ап-и или други кроеви. Веруваат дека сите ќе ги најдат вистинските костими за себе меѓу новите модели за лето 2019.

„Пробајте ги новите модели со shape ефект, кои вашиот облик на телото ќе го направат идеален како што вие би сакале. Интересно е дека може да направите mix & match парчиња односно да имате слобода сами да ги комбинирате костимите за капење. Изберете го најдобриот модел и боја кои ќе ви претставуваат задоволство затоа што колекцијата на Bonatti е во бои кои се вистински тренд. Би сакале заедно да ја раскажеме модната приказна на нашиот бренд за ова лето и со нашите фустани, торби, пешкири и шешири за плажа“, додаде Марија Ангеловска, одговорна за комуникации во Bonatti.

Кампањата за ова лето се снимаше на бел песок и тиркизно сино море крај Индискиот Океан, на Малдивите, за која беа ангажирани познатите српски модели Бојана Крсмановиќ и Алекса Гавриловиќ, во продукција на Слбодан Пикула и асистентот Игор Павлковиќ. За стајлингот се погргижи Жељко Милосављевиќ а за шминката и фризурата Александар Џикиќ – Џиле.

Bonatti Bonatti Bonatti

Целиот асортиман на колекцијата можете да го погледнете на линкот https://bonatti.mk/online-shop/15.html

Повеќе од деценија, Bonatti е препознатлив бренд по употребата на пријатни материјали, пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и за на плажа. Започнале во Србија а денеска имаат продавници во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.

Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti Bonatti

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.