Почетна » Новости » Мода » 9 бјути совети од експертите на модните недели

9 бјути совети од експертите на модните недели

Утре и официјално ќе заврши модниот месец кој започна во Њујорк, а преку Лондон и Милано ги однесе најголемите ентузијасти во модната индустрија во Париз.

Манекенките кои ги презентираа колекциите есен/зима 2014 зад сцената беа разубавувани од редица стилисти, мејкап артисти и фризери кои понекогаш споделуваа и по некој бјути трик.

Бјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути триковиБјути трикови

„Напрскајте четка за заби со лак за коса за идеално да ја замазните косата и да ги скротите „бебешките“ влакненца.“

Марк Тоусенд

„Не се плашете да ги налакирате своите нокти со лакови во различна боја за да добиете потполно уникатна нијанса.“

Џули Кендалек

„За без многу труд да добиете текстурирана брановидна коса, ставете пена на навлажнета коса и врзете ја да стои во пунџа 15 минути.“

Можете да користите фен со дифузер за да го забрзате процесот.

Нелсон Верчер

„Син ајлајнер на долниот капак прави очите да изгледаат поголеми.“

Џејмс Бомер

„За фини бранови кои изгледаат како да не сте се труделе премногу, прво отворете црна шнола. Земете тенок прамен и мотајте го околу шнолата со движење кое потсетува на 8-ка, а потоа поминете преку него со преса за коса.“

Морган Вилит

„Луѓето не мислат на тоа дека сакаат слаби прсти, но овалната форма на ноктите навистина е идеална форма која ги прави рацете долги и тенки – кој би се пожалил на тоа?“

Мис Поп

„Кога создавате мачкини очи, колку побрзо ја цртате линијата, толку подобро. Ако сте премногу бавни, рацете ќе ви се растреперат и линијата нема да изгледа прецизно.“

Адриен Пино

„За да ги дефинирате очите без да се познава дека сте нашминкани, оцртајте ги долните капаци со молив за очи во боја на кожата, а горните со црн или кафеав ајлајнер.“

Лин Диснојерс

„Ако ја носите косата пуштена, а сакате да имате навистина длабок патец настрана, направете мала плетенка на тилот, врзете ја со проѕирно ластиче, а потоа сокријте ја со косата.“

Лорен Филипон

Екстремниот патец настрана е особено силен тренд кај фризурите. Доколку го правите патецот на десната страна, повлечете ги шишките налево и нивните врвови сплетете ги во ситна плетенка. Така патецот нема да се помести што и да правите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.