Почетна » Новости » Мода » 22. Моден Викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна Соба

22. Моден Викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна Соба

FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот шоурум „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба. Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со нив, да ги погледнат изложeните креации во живо, како и на лице место да си одберат единствени парчиња по најповолни цени.

Моден Викенд Скопје

Со музички перформанс на маестралниот Gloomié за свечено отварање на дваесет и второто издание, наредниот четврток (01.10) со почеток од 19 часот во Јавна Соба ќе се означи стартот на најкултното модно случување во градот. Моден Викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (02.10) и сабота (03.10). И дефинитивно е пригода што не се пропушта.

Списокот учесници на ‘CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM’ го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Para Todos, MinnimalMK, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniture… Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот ‘See now - Buy now’.

Моден викенд СкопјеEvgenija Zafirovska

„Заедно со нашите партнери направивме внимателна селекција на современи дизајнери и брендови кои вреди да ги види широката публика. Главна цел како организациски тим ни е да им пружиме максимална поддршка на креативните дејци во моментот, фокусирајќи се на врвните имиња, но и на новите таленти кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата. Тие се модните херои на денешницата, бидејќи позитивно влијаат на свеста на заедницата“- истакнува Милан Атанасов, координатор за односи со јавност на FWSK.

Моден викенд СкопјеSenka

Моден Викенд Скопје ја продолжува плодната соработка со школата за уметност и дизајн Djolev and the Arts, чиишто студенти низ изложба на своите изработки ќе ви докажат дека на македонската мода и дизајн им се насмевнува светла иднина. Во однос на eдукацијата за целосната одржливост како начин на живот, којшто може да има длабок импакт на иднината на планетата и човештвото генерално, со професионални излагања на темата ќе се вклучат во панел дискусија претставниците на Fashion Revolution.

Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот „Свесна Мода“ се придружи берлинската консалтинг агенција ONLYАFEW, предводена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска, кои по пробивот на скандинавската сцена во Копенхаген, како нареден предизвик за проширување на нивната заедница ја препознаа нашата метропола.

Моден викенд СкопјеLipa

„Ни претставува особена чест и задоволство што сме активно вклучени во сите аспекти, од планирањето до имплементацијата на идеи за овогодинешното издание на Моден Викенд Скопје. Нашата агенција нуди консултантски услуги скроени по мерка за брендовите, односно им овозможува да ја дефинираат нивната ДНК, заснована на одржливост, креативност и иновативност. Ја промовираме визијата за мали колекции базирани на вештини, разумни пласмани за продажба, фер услови помеѓу брендовите и трговците, како и радикална транспарентност“- нагласува Кристина Илиевска, креативен директор во ONLYAFEW.

Моден викенд СкопјеPara Todos

Сите последни вести за учесниците и за програмата, односно мултимедијалните содржини пред, за време и по одржувањето на настанот ќе се објавуваат тековно и онлајн на социјалните мрежи. Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.

Нов пријател за нега и убавина е француската медицинска козметика URIAGE со линијата Age protect, која превенира создавање на брчки, ги коригира постоечките и штити од зрачењето на сината светлина од ЛЕД екраните на електронските уреди.

Моден викенд СкопјеSeddum

Јавна Соба ќе добие магичен амбиент благодарение на Цветна Фабрика, малата работилница која секојдневно ги слави убавината и сензибилитетот на секој цвет и латица, додека одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART ќе создаде вистински рај за сетилата во просторот. За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More.

На коктелот и афтер-журките одново ќе се наздравува со сортните вина на Vizba Valandovo Winery, или, пак, по некоја чашка ракија од дестилеријата Антика. Сигурноста на драгите и ценети гости и учесници, доверена им е на посветените момци од MDN обезбедување.

Не заборавајте да се вклучите во шоурумот „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври и бидете сведоци за делата на нашите херои.

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.