Почетна » Новости » Истражувања » Јога за лице: Вежби кои можат да „избришат“ 3 години од вашето лице

Јога за лице: Вежби кои можат да „избришат“ 3 години од вашето лице

Заборавете на илјадниците козметички производи и инвазивни естетски третмани за подмладување. Јогата за лице може да избрише три години од вашиот изглед, покажа ново истражување.

Експертите објаснуваат дека под кожата на лицето има многу мускули кои треба да се вежбаат за да бидат тонирани и дефинирани.

„Со стареењето, кожата станува потенка, исто како и мастите и мускулите под кожата. Идејата зад вежбите за лице е дека може да ги здебелат мускулите и да се создаде потпора под кожата“ - изјавил Џошуа Зикнер, директор на козметичките и клиничките истражувања во дерматологијата во болницата „Mount Sinai“ во Њујорк.

Истражувањето било направено во период од 20 недели. На 27 жени на возраст од 40 до 65 години им било речено во првите 8 недели да прават вежби за лице по 30 минути дневно, а во преостанатите 12 недели, да ги прават истите вежби 3-4 пати неделно. Сите учеснички биле фотографирани „пред и потоа“, а фотографиите биле анализирани од дерматолози.

Анализите покажале дека во просек жените изгледале околу 3 години помлади на крајот на истражувањето. Подобрувањето било особено изразено кај образите, кои изгледале пополни и поподигнати, што се асоцира со младост и виталност.

Насмеана риба

Повторете 5 пати.

Јога за лице

Сачмо

Надујте ги образите и префрлувајте го воздухот од едниот образ кон другиот барем 4-5 пати. Повторете 3 пати.

Јога за лице

Лавовско лице

Повторете 3 пати.

Јога за лице

Мерилин

Испратете бакнеж 4 пати.

Јога за лице

Куклено лице

Подигајте ги и нежно притискајте ги образите 20 до 30 пати.

Јога за лице

Изненади ме

Ококорете ги очите колку што можете повеќе. Фокусирајте се на точка во далечината околу 5-10 секунди. Повторете 4 пати.

Јога за лице

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.