Почетна » Новости » Истражувања » Што ги загрижува жените на 29 години поврзано со стареење?

Што ги загрижува жените на 29 години поврзано со стареење?

Жените вложуваат многу труд и време за да го одржат својот изглед и нормално е стареењето по малку да ги плаши. Но, ново истражување вели дека жените имаат многу стравови поврзани со стареењето и тие започнуваат да ги измачуваат уште на 29 години.

Истражување на Superdrug, направено со учество на 2.000 жени, покажало дека во просек жените трошат по 12 минути дневно нанесувајќи шминка и различни кремови со цел да го одржат привлечниот изглед, што значи дека годишно жените издвојуваат 73 часа за нега на лицето и телото.

Млада девојка

Еве од што се плашат жените пред влегувањето во четвртата декада од животот:

  1. Појава на брчки
  2. Опуштање на кожата на лицето
  3. Овиснати гради
  4. Непосакувани влакненца на лицето
  5. Обелување на косата
  6. Дебелеење во областа на стомакот
  7. Збрчкано деколте
  8. Губење на бујноста на косата
  9. Опуштен задник
  10. Млитава надлактица
  11. Збрчкани раце
  12. Двојна брадичка (подбрадок)
  13. Проширени вени
  14. Брчки околу очите
  15. Повлекување на непцата и соголување на забите
  16. Старечки флеки на рацете
  17. Тенки усни
  18. Оќелавување над слепоочниците
  19. Поголеми бемки
  20. Поголеми уши

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.