Почетна » Новости » Истражувања » Шопингот го забрзува ритамот на срцето

Шопингот го забрзува ритамот на срцето

шопинг

Сигурно веќе знаете од сопствено искуство дека купувањето на облека за празниците го забрзува срцевиот ритам кај жените. Кај мажите, таа „еуфорија“ се појавува кога купуваат долна облека за својата сакана.

Низ продавниците на Debenhams во Велика Британија било спроведено истражување во рамките на кое бил набљудуван ритамот на срцето на 1000 купувачи на возраст од 20-40 години.

Резултатите покажале дека ритамот на срцето кај жените се зголемува за 39%, односно до 120 удари во минутa, кога тие избираат вечерен фустан. При изборот на гламурозни чевли, ритамот на срцето достигнува 117 удари во минута. Возбудата особено растела кога жените налетувале на попуст.

Мажите се многу возбудени кога купуваат долна облека за својата сакана и во таква ситуација нивниот срцев ритам се зголемува од 72 на 118 удари во минута. Тоа укажува на поголема возбуда, отколку кога нивниот омилен тим ќе постигне гол. Сепак, не се знае дали овие резултати кај мажите се поради возбудата или срамот.

Дополнително било утврдено и дека кај жените срцето забрзува да чука уште кога влегуваат во продавница, а кај машките – кога плаќаат на каса.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.