Почетна » Новости » Истражувања » Трчајте барем 5-10 минути дневно за подобро здравје и подолг живот

Трчајте барем 5-10 минути дневно за подобро здравје и подолг живот

Редовно се раздвижувате со трчање? Насмевнете се, бидејќи ново истражување потврдува дека трчањето го продолжува животот. Независно од тоа дали се движите бавно како желка или динамично како зајак, со трчањето го намалувате ризикот од смрт.

Жена што трча

Истражувачите констатирале дека во споредба со лицата кои не трчале, сите учесници кои трчале имале за 30% помал ризик од смрт и конкретно 45% помал ризик од смрт од срцев или мозочен удар. Оние кои трчале во просек живееле 3 години подолго од учесниците кои не трчале. Придобивките од трчањето биле забележани кај сите активни учесници, без оглед на тоа колку долго, колку често или колку брзо трчале.

За да стигнат до тие заклучоци, истражувачите анализирале податоци на 55.137 лица на возраст од 18 до 100 години, собирани во период од 15 години. Целта била да се стигне до докази за постоењето на врска помеѓу трчањето и долговечноста.

„Ова истражување ги охрабрува неактивните луѓе да се вклучат во физички активности меѓу кои и трчањето. Точно е дека е подобро дури и малку да трчате отколку воопшто да не трчате“ – изјавил д-р Ли од Државниот универзитет во Ајова, кој го предводел истражувањето.

Жена што трча

„Вежбањето во која било форма ќе ви го подобри целосното здравје, особено кардиоваскуларното здравје – макар и 5-10 минути трчање дневно“ – изјавил д-р Мајкл Скот Емери.

Најголеми придобивки имале лицата кои трчале редовно во период од најмалку шест години.

Заклучоците од истражувањето се вклучени во новото издание на журналот на Американскиот колеџ за кардиологија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.