Почетна » Новости » Истражувања » Топ 10 причини поради кои мажите им раскинуваат на жените

Топ 10 причини поради кои мажите им раскинуваат на жените

„Не сум подготвен за врска“ – тоа е најчесто употребуваната реченица на мажите кога сакаат да стават крај на врската. Според ново истражување на Wot Went Wrong, при раскинување мажите најмногу го користат изговорот дека не се подготвени за обврзување.

Во истражувањето зеле учество 500 мажи и жени, корисници на апликацијата Wot Went Wrong, која има цел да им помогне да откријат зошто добиле корпа. Во период од четири месеца дури 15% од жените го слушнале изговорот „Не сум подготвен за врска“.

„Мислам дека ја кажуваат вистината, но на крајот на изговорот би додала: со тебе. Не е подготвен за врска со тебе“ – изјавила Трејси Мекмилан, авторката на книгата „Why You're Not Married Yet“.

Раскинување„Не сум подготвен за врска“ – реченицата која мажите најчесто ја користат кога сакаат крај

Втората причина поради која мажите им раскинуваат на своите партнерки е малата желба за секс, а третата причина е лошата хигиена.

Од друга страна, најчест користен изговор на жените кога сакаат да им раскинат на мажите е „Постои друг“. „Мислам дека причината поради која жените го велат ова е за да го финализираат раскинувањето. Тоа е јасен начин да му се стави до знаење на партнерот да престане да се обидува, и тоа кажано на некаков дипломатски начин“ – објаснила Трејси.

Топ 10 причини поради кои мажите им раскинувале на жените

  1. „Не сум подготвен за врска“
  2. Ниско либидо
  3. Лоша хигиена
  4. Премногу кавги
  5. Неточност
  6. Отсуство на привлечност
  7. „Постои друга“
  8. Лошо се бакнува
  9. „Не гледам иднина со тебе“
  10. Премногу влакнеста

Меѓу најчестите реченици кои пак жените ги користат за да им раскинат на мажите се нашле и „Не правиш да се чувствувам привлечна“, „Не заработуваш доволно пари за стилот на живот што сакам да го имам“ и „Не чувствувам дека сум ти приоритет“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.