Почетна » Новости » Истражувања » Ставете ја љубовта пред работата за подоцна да не зажалите

Ставете ја љубовта пред работата за подоцна да не зажалите

Многу полошо ќе се чувствувате и ќе жалите ако сте му се развикале на вашиот сакан без да има некоја значајна причина за тоа, отколку ако направите грешка на работа. Многу посилно ќе жалите ако оставите некоја љубовна врска да ви се лизне од рацете, отколку ако не добиете одредено работно место.

Американско истражување покажало дека најдобро е љубовта и односите со најблиските секогаш да ви бидат на прво место, пред работата, за не жалите за своите постапки.

Љубов

Според резултатите од истражување на Kellogg School of Management, луѓето најсилно жалат за нешта кои ги направиле или не ги направиле на личен план, а не на професионален.

Професорот Нил Роиз и негови колеги испрашувале 500 возрасни лица за нештата за кои најмногу се каат во своите животи. Било откриено дека луѓето најмногу и најинтензивно жалат за работи кои се поврзани со нивните лични односи со други луѓе, како љубовни врски и случувања со нивните роднини и пријатели.

Анализата покажала дека каењата поврзани со љубовта, како изневерување или прекинување на врската, се многу посилни отколку каењата како откажување од факултет или давање отказ на работа.

Резултатите објавени онлајн во „Social Psychological and Personality Science“ покажуваат дека љубовните каења на луѓето се и двојно побројни од оние поврзани со работата.

Па, за да се чувствуваме подобро и за да сме посреќни во животот, Роиз советува да ги зачувуваме и зајакнуваме врските со најблиските.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.