Почетна » Новости » Истражувања » Спиењето ја зајакнува меморијата

Спиењето ја зајакнува меморијата

Жена што спие

Иако повеќето луѓе сметаат дека спиењето е загуба на време, последните истражувања покажуваат дека не е баш така. Ново научно истражување докажува дека меморијата се зајакнува додека спиеме.

Џон Радој, авторот на истражувањето, ги објави резултатите во списанието Science. Тој тестирал група луѓе со тоа што им покажувал 50 објекти на компјутер, а учесниците требало да ја запомнат точната локација на секој објект.

За да им се подобри меморијата, покажувањето на секој објект било пропратено со звук (мачка со „мјау“). Потоа, додека учесниците спиеле им биле пуштени само половината од звуците.

Резултатите покажале дека учесниците подобро ја помнат локацијата на оние објекти, чии звуци ги слушале додека спијат.

Но, авторот на истражувањето предупредува дека луѓето не треба да очекуваат дека можат да научат нови вештини или јазик преку слушање на звуци во текот на спиењето.

Во спиењето се зајакнува само постоечката меморија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.