Почетна » Новости » Истражувања » Секој ден во Индија се абортирани или убивани по 2.000 бебиња само зашто се женски

Секој ден во Индија се абортирани или убивани по 2.000 бебиња само зашто се женски

Шокантни податоци од Индија говорат за грозоморните постапки на стотици илјади родители кои ги абортираат или убиваат своите бебиња само заради тоа што се од женски пол.

Секој ден 2.000 девојчиња се убивани во утробите на мајките или задушувани со перница веднаш по раѓањето, бидејќи нивните родители преферираат машки деца. Министерката Манека Ганди ги објави вознемирувачките податоци, кои беа пренесени од Ројтерс.

Мајка и дете

Абортусите базирани на полот на фетусот се забранети со закон во Индија, но статистиката говори дека тоа се случува масовно. Британско медицинско списание во 2011 година објави дека во изминативе 3 децении во Индија биле абортирани околу 12 милиони девојчиња.

Во индиската култура е втемелено сфаќањето дека синовите се дар, додека ќерките се голем товар.

Манека Ганди споделила и дека годинава е започната кампања „Спаси ја ќерката, едуцирај ја ќерката“. Резултатот засега е зголемен број на девојчиња оставени во сиропиталишта, односно сè помалку родители ги убиваат своите ќерки за да ги остават во домови за деца без родители.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.