Почетна » Новости » Истражувања » Редовното вежбање го намалува ризикот од рак на дојка

Редовното вежбање го намалува ризикот од рак на дојка

Жените можат значително да го намалат ризикот од појава на рак на дојка преку редовна физичка активност, велат научници од Универзитетот Северна Каролина.

Резултатите од ново истражување покажале дека дури и најмалата редовна физичка активност го намалува ризикот од рак на дојка со 6%. Сепак, најголемо редуцирање на ризикот има кај жените кои вежбаат по 10-19 часа неделно.

Активна жена

За да дојдат до овој заклучок, научниците споредувале 1.500 жени без рак на дојка со 1.550 жени кои имале рак на дојка и биле дел од проектот „Long Island Breast Cancer Study Project“. Било откриено дека жените кои вежбале за време на репродуктивните години и во годините по менопаузата, имале намален ризик од развивање на рак на дојка. Позитивниот ефект бил најзабележителен кај жените кои вежбале 10-19 часа неделно (по 2 часа пет пати седмично) и кај нив намалувањето на ризикот изнесувало до 30%.

„Бев возбудена од резултатите бидејќи како што стареат жените, си ги зацврстуваат навиките и си велат штом не бев активна цел живот, зошто да започнувам со вежбање сега. Но, важно е да се покаже дека има докази поткрепени од истражувања кои велат дека можете да започнете со вежбање и по менопаузата и сепак да имате големи бенефиции од тоа“ - изјавила Лорен МекКалоу, авторката на истражувањето.

Градник со розовата панделка

Но, додека вежбањето помага, дебелеењето е непријател на женското здравје. Лорен МекКалоу објавила дека зголемувањето на телесната тежина е фактор кој придонесува за зголемување на ризикот од рак на дојка.

Истражувачите потсетуваат дека здравата тежина е резултат на баланс помеѓу вежбањето и исхраната, односно дека покрај физичката активност, многу е важно да се преферира здравата исхрана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.