Почетна » Новости » Истражувања » Помагајќи им на другите, си го продолжувате животот

Помагајќи им на другите, си го продолжувате животот

Несебичното подавање рака кон оние на кои им е потребна помош е добро и за вашето тело и за вашата душа.

Волонтерите во хуманитарни организации имаат подолг и поздрав живот, се вели во извештајот од научно истражување, објавен во списанието BMC Public Health.

Волонтирање

Анализирајќи 40 одделни истражувања, д-р Сузан Ричардс и нејзини колеги заклучиле дека волонтирањето го намалува ризикот од рана смрт со 22%. Исто така, било откриено дека доброволците во хуманитарните организации помалку страдале од депресија и биле позадоволни од животот.

Важно е да се спомене дека бенефициите не доаѓаат по еден хуман гест. Волонтерите во истражувањето „донирале“ барем по еден час месечно од своето време за хумани цели.

Во светски рамки варира бројот на волонтери. Се проценува дека 22,5% од возрасните лица во Европа, 27% од Американците и 36% од Австралијците издвојуваат од своето слободно време за да волонтираат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.