Почетна » Новости » Истражувања » Пожолтените заби ве прават постари

Пожолтените заби ве прават постари

Кога разговараме со некого, најчесто првото нешто кое го забележуваме се неговите заби. Убавите заби можат да привлечат до таква степен, што останатите недостатоци на лицето (како брчките) да останат незабележани.

Убава насмевкаУбавата насмевка е доволна причина почесто да се насмевнувате, а со тоа изгледате помлади.

Во истражување спроведено во Англија, на 2000 луѓе им биле дадени 2 слики од една иста манекенка. На едната од сликите манекенката е со бели сјајни заби, а на другата со пожолтени. Учесниците во истражувањето требало да ја определат возраста на манекенката.

На сликата каде што манекенката има убави бели заби, учесниците најчесто ја оценувале манекенката како 31 годишна, а на другата слика како многу постара дури и 44 годишна.

Причината за тоа можеби е во самодовербата. Кога луѓето имаат убава насмевка се посамоуверени, се насмевнуваат почесто и тоа ги прави повесели и помладолики. Луѓето со пожолтени заби имаат помалку самодоверба, се обидуваат да ги сокријат забите, помалку се насмевнуваат и делуваат посериозни и повозрасни.

Затоа, одржувајте добра орална хигиена, ставете ја прекрасната насмевка на вашето лице и покажете ја вашата свежина и младост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10373 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.