Почетна » Новости » Истражувања » Откриен генот за виткана коса

Откриен генот за виткана коса

Жена со виткана коса15% од Европјаните имаат виткана коса

Научниците од Институтот за медицински истражувања во Квинсленд го открија генот за виткана коса. Во зависност од варијацијата на овој ген, луѓето имаат или права или виткана коса.

Ова откритие може да помогне да се предвиди дали бебето ќе има права или виткана коса, а исто така ќе им помогне и на криминалните детективи преку користењето на ДНК поточно да го оформат профилот на осомничените.

Истражувањата покажаа дека 45% од Европјаните имаат права, 40% брановидна, а само 15% виткана коса. Друг интересен факт е дека витканата коса е наследна во 90% од случаите.

Научниците се надеваат дека откривањето на овој ген ќе им помогне да создадат третмани за исправување и виткање на косата, без директно да се третира косата. Во моментот дискутираат за таа можност со голема козметичка компанија од Париз.

Пронаоѓањето на овој ген ќе им го олесни животот на многу жени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.