Почетна » Новости » Истражувања » ОН: Повеќе од 2 милиони девојки годишно раѓаат пред да наполнат 14 години

ОН: Повеќе од 2 милиони девојки годишно раѓаат пред да наполнат 14 години

Милиони девојчиња низ светот прерано влегуваат во улогата на мајки, пред да бидат физички и психички доволно зрели за тоа.

Мајчинството пред полнолетство е голем глобален проблем, особено во земјите во развој, каде секоја година 7,3 милиони девојки под 18 години стануваат мајки, се вели во новиот извештај на Фондот за население на Обединетите нации. Од нив, 2 милиони девојки имаат 14 години или се под 14-годишна возраст. Тоа значи дека секој ден 20.000 бебиња во земјите во развој се раѓаат од девојки кои имаат 18 години или се помлади.

Бебе

Според Државниот завод за статистика, во Македонија во 2012 година, 26 девојчиња помлади од 15 години станале мајки. Исто така, минатата година во нашата држава 1.333 бебиња биле родени од девојки на возраст 15-19 години.

Во извештајот на ОН е изразена посебна загриженост за мајките под 14 години, кои се соочуваат со долготрајни социјални и здравствени последици од раѓањето во адолесцентните години.

Високиот број на адолесцентни бремености во многу случаи е последица на повеќе социјални проблеми. „Раната бременост рефлектира немоќ, сиромаштија и притисок – од партнерите, врсниците, семејствата или заедниците. Во многу случаи, тие се резултат на сексуално насилство или принуда“ – се вели во извештајот.

Мајчинство во детството

Во извештајот накратко е наведена приказна на 17-годишната Клариса од Чад, која веќе има три деца:

„Имав 14 години... Мојата мајка и сестрите започнаа да подготвуваат јадења и татко ми ни рече мене и на моите браќа и сестри да ја облечеме најубавата облека затоа што ќе правиме забава. Не знаев што се случува, па затоа славев исто како останатите. Тој ден дознав дека тоа е мојата свадба и дека треба да му се придружам на својот сопруг. Пробав да избегам, но ме фатија. Па, завршив со сопруг три пати повозрасен од мене...

Тој брак наводно требаше да ме спаси од разврат. Со училиштето беше завршено. Десет месеци подоцна, имав бебе во рацете. Еден ден одлучив да избегам, но се согласив да се вратам кај сопругот под услов да ме пушти назад на училиште.

Се вратив на училиште, имам три деца и сум седмо одделение.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11115 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.