Почетна » Новости » Истражувања » Нови препораки: Колку време може децата да поминуваат пред екран?

Нови препораки: Колку време може децата да поминуваат пред екран?

Во дигиталната ера во која живееме, тешко е да ги држиме нашите деца далеку од екраните. Како мајка, сигурно постојано се прашувате колку време може да минува вашето дете пред телевизор, таблет или мобилен телефон.

Американската академија на педијатрите (AAP) објави нови препораки. Максималното препорачано време пред екраните варира според возраста.

Дете
  • За деца под 18 месеци. Избегнувајте детето да гледа во екран. Има малку докази дека на оваа возраст децата можат да имаат корист од она што го гледаат. Исклучок од тоа се видео-разговорите (на пример со баба/дедо или други роднини и пријатели), бидејќи тоа може да ги подобри нивните способности за социјализирање.
  • За деца од 18 до 24 месеци. Не го оставајте вашето дете само пред телевизор или со таблет или мобилен телефон. Гледајте заедно, за да му помогнете да го разбере она што го гледа.
  • За деца од 2 до 5 години. Ограничете го времето пред екраните на 1 час дневно и изберете квалитетни емисии и едукативни содржини.

Дополнителни препораки:

  • Не дозволувајте детето да гледа ТВ или да консумира содржини преку мобилен телефон или таблет во период од еден час пред спиење.
  • Не смеете да си дозволите мобилниот телефон/таблетот/телевизорот да ви биде единствена тактика за смирување кога детето е вознемирено. Зошто? Бидејќи детето може да не развие способност само да ги контролира емоциите.
  • Избегнувајте програми и апликации со содржини кои вклучуваат насилство.
  • Надгледувајте што гледа детето. Тестирајте ги апликациите кои тоа ги користи и прашувајте го за мислење.
  • За телевизорите, таблетите и мобилните телефони не треба да има место за време на семејните оброци и игри и во спалните соби.
Дете

Новите препораки доаѓаат на местото на досегашниот совет до родителите да не им дозволуваат на децата да гледаат ТВ до 2 години, а се создадени како последица на неодамнешни истражувања кои велат дека ограниченото користење на некои технологии може да влијае позитивно на децата, преку давање можности за учење и социјална интеракција.

Истражувањата ја поврзуваат прекумерната употреба на технологијата со прекумерна тежина, недостиг на сон, проблеми со однесувањето и концентрацијата. Друг загрижувачки фактор е несоодветната содржина.

Дете

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11164 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.