Почетна » Новости » Истражувања » Најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни

Најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни

Заборавете на парите, на вашиот автомобил, на скапата облека, на сè што е материјално... Ново истражување покажа дека најдобрите мали задоволства во животот се оние кои се наједноставни, бесплатни и достапни за секого и секој ден.

Насмеана женаСмеењето е најдоброто едноставно задоволство во животот

Преку анкета на Vision Critical for Apples од Њу Зеланд, од 2000 лица било побарано да ги набројат едноставните мали задоволства кои им причинуваат најголема среќа. Еве кои се малите задоволства што според анкетираните се најважни во животот:

  • 22% – смеењето;
  • 21% – споделувањето добра храна со добри пријатели;
  • 19% – добивањето прегратка;
  • 10% – топлината на сонцето на лицето;
  • 8% – читањето добра книга;
  • 7% – прошетката на плажа;
  • 5% – лежењето во чисти штотуку перени чаршафи;
  • 3% – гледањето на спектакуларно зајдисонце;
  • 3% – евоцирањето на спомени преку стари фотографии;
  • 1% – мирисот на свежо косена трева.

Освен за десетте најпопуларни мали задоволства, луѓето гласале и за: слушањето на пеењето на птиците, играњето со деца, лежењето во топла бања, мирисот на свежо печен леб, играњето со кученце, прошетка во сончев ден, насмевка од непознат, скокоткање...

Кое мало задоволство најмногу ве исполнува?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.