Почетна » Новости » Истражувања » Македонија дел од светското „Wave“ истражување

Македонија дел од светското „Wave“ истражување

Wave 8 UM

Универзал Медиа Скопје ве поканува да учествувате во „Wave“ – најголемото глобално истражување за социјалните медиуми.

Овогодишното осмо издание на „Wave – The language of content“ се спроведува во 65 земји, во него учествуваат повеќе од 50.000 интернет корисници кои ги претставуваат погледите, потребите и однесувањето на 1 милијарда највлијателни корисници на интернет и социјалните медиуми од целиот свет.

Благодарение на Универзал Медиа Скопје, интернет корисниците од Македонија имаат можност да учествуваат во истражувањето и да ја постават Македонија на светската „Wave“ мапа. Сè што треба да направат е да одвојат 30 минути и да го пополнат прашалникот на овој линк: http://bit.ly/wave8mk. Секој учесник кој ќе го пополни прашалникот и точно ќе одговори на поставеното прашање добива можност да учествува во натпреварот за освојување Acer Tablet.

„Wave“ е најдолгата и најамбициозната годишна анализа на социјалните медиуми која ја спроведува медиумската агенција Универзал Медиа низ целиот свет. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можности и промените кои настануваат во комуникациските технологии. Истражувањето во Македонија го спроведува Универзал Медиа Скопје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.