Почетна » Новости » Истражувања » Мажите кои повеќе работат по дома се посреќни

Мажите кои повеќе работат по дома се посреќни

Растрчани сте низ домот обидувајќи се да го доведете во најдобар ред? Седнете и одморете се, оставете нешто и за вашиот партнер. За негово добро, за да биде посреќен :).

Истражување на Универзитетот Кембриџ спроведено во седум европски држави покажало дека мажите се посреќни кога повеќе работат по дома. Кавгите во домот се намалуваат, среќата на мажите се зголемува и тие одржуваат подобар баланс „работа – личен живот“ кога се поактивни низ домот, велат истражувачите.

Маж и жена

Учесниците во истражувањето одговарале на прашања чија цел била да се измери нивото на среќа, како на пример дали се чувствуваат исполнети или дали се будат освежени. Нивните одговори биле споредувани со одговорите на друга група прашања насочени да откријат колку време тие поминуваат во готвење, миење на чинии, купување намирници и поправки низ домот.

Истражувачите очекувале резултатите да покажат дека кога мажите преземаат повеќе домашни обврски, се зголемува среќата на жените. Но, всушност откриле дека мажите стануваат посреќни кога повеќе работат по дома.

Експертите сметаат дека со поголемата вклученост во домашните обврски мажите чувствуваат помалку вина, а исто така и дека на тој начин водат потивок живот, т.е. имаат помалку „судири“ со разгневените партнерки.

Џакелин Скот, професорка во Кембриџ, изјавила дека една од причините за ваквата промена е што денес мажите многу повеќе ја поддржуваат рамноправноста на половите, отколку во минатото. Таа додала и дека денес жените се многу послободни да го искажат своето незадоволство од мрзеливоста на мажите.

„Времињата се менуваат. Во литературата се посочени многу добри причини кои придонесуваат да мислиме дека жените извлекуваат најголема корист кога мажите повеќе работат по дома, но нашите резултати покажаа нешто друго и токму тоа е интересно“ - рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.