Почетна » Новости » Истражувања » Играњето судоку помага да согорите повеќе калории

Играњето судоку помага да согорите повеќе калории

Судоку

Ако ја избегнувате физичката активност и сепак сакате да ги согорите калориите од изеденото чоколадо, обидете се со умствена активност. Менталните вежби како сложувалки и квизови согоруваат во просек 90 калории на час.

Тоа го потврди група експерти за ментални способности, кои сметаат дека мозокот може да согорува калории, исто како што тоа го прави телото.

Истражувачот Тим Форестер изјави: „На нашиот мозок му се потребни 0,1 калории секоја минута само за да може да преживее. Но, кога правиме нешто што ни е предизвик, сложувалка или квиз, мозокот може да согорува 1,5 калории секоја минута.“

Мозокот е изграден од милиони нервни клетки – неврони, кои комуницираат помеѓу себе, пренесувајќи информација. Невроните создаваат невротрансмитери, кои го овозможуваат тој пренос на информација. За создавањето на невротрансмитерите се користат 75% од глукозата, калориите и 20% од кислородот во крвта.

Затоа, решавањето тежок крстозбор или судоку предизвикува трошење на повеќе калории – објаснува Форестер.

Портпаролот на Британската асоцијација за диети изјави: „Кога мислите многу, на мозокот му е потребна енергија од некаде. Тој може да ја земе оваа енергија од калориите.“

Но, сето ова не значи дека со помош на мислење можете да слабеете. Енергијата која ја користи мозокот не доаѓа од мастите. За разлика од шеќерите, мастите не може да се разложат до глукоза.

Можеби решавањето судоку ќе придонесе покорисно да го искористите слободното време, затоа што ќе ги развивате вашите умствени способности и ќе согорите некоја калорија, но ако вистински сакате да се ослободите од некој килограм, морате да мислите и на исхраната и на физичката активност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.