Почетна » Новости » Истражувања » Жените се поморални од мажите

Жените се поморални од мажите

Жените се подобриот пол кога станува збор за моралот. Ново истражување во кое учествувале над 60.000 лица од повеќе од 200 држави покажало дека жените се поморални суштества од мажите и дека претставничките на понежниот пол кои ја поминале 30-тата година од животот имаат најголеми морални вредности.

Жена-ангел и маж-ѓавол

До овие заклучоци дошол професорот Роџер Стир кој пред четири години го создал таканаречениот „Moral DNA Test“. Со помош на создадениот тест, Роџер мерел како се менува системот на морални вредности кај луѓето. Во рамките на тестот учесниците одговарале на најразлични прашања за работата и за личниот живот и оценувале различни тврдења.

„Жените преферираат да донесуваат одлуки врз основа на тоа како тие ќе влијаат на другите луѓе, што клони кон донесување на подобри одлуки, додека мажите користат поиндивидуален приод и ги поставуваат на прво место своите интереси“ – изјавил Роџер, коментирајќи ги разликите меѓу половите при донесувањето на одлуки на работното место.

Критичарите на истражувањето велат дека ова е доказ дека жените подобро лажат на тестовите, но погласни се оние кои се согласуваат со констатациите. Сепак, не се само жените согласни со заклучоците на Роцер. „Да си поморален од просечен маж под 30 години е како да победуваш на трка со полжав или желка“ – коментирал маж во дискусијата на „Jezebel“.

Истражувањето покажало и дека мажите и жените го достигнуваат врвот на нивната „интелектуалната и морална моќ“ на почетокот од седмата деценија од нивните животи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.