Почетна » Новости » Истражувања » Жените повеќе меркаат други жени отколку мажи

Жените повеќе меркаат други жени отколку мажи

Жените повеќе меркаат од глава до пети други жени, отколку што зјапаат во мажи, покажуваат резултатите од ново истражување.

Претставничките на понежниот пол секојдневно тајно фрлаат погледи кон други жени за да видат каква облека носат тие, дали се послаби од нив, дали имаат целулит, каква е нивната фризура и сл. Некои одат во детали и ѕиркаат во други жени за да откријат дали тие имаат израснати темни корени во бојадисаната коса и дали носат бурма.

Жени што меркаат друга жена

Половина од учесничките во истражувањето откриле дека уживаат да се споредуваат со колешки, пријателки или со жени со кои само се разминуваат на улица.

„Не постои жена на планетава која не сака да гледа луѓе и да фрла прикриени погледи кон други жени. Природно е да се споредуваме ние и нашиот изглед со начинот на којшто се облекуваат другите жени, со тоа како си ја прават косата и се разбира, со нивната фигура“ – изјавила Хелен Бојл, стилист во компанијата Swimwear365 која го направила истражувањето со учество на 2.000 жени.

Жените најмногу меркаат на плажа. Речиси 80% од учесничките признале дека обожаваат да меркаат други жени додека се сончаат.

„Плажата е најдоброто место убаво да ги измеркаш другите жени, затоа што не можеш да ги видиш на друго место полуоблечени и толку детално. И се разбира можеш да се сокриеш зад очилата додека ѕиркаш“ – дополнила Хелен.

Иако жените често се споредуваат со други жени, најголем дел од нив не го прават со лоши намери. 40% изјавиле дека не се споредуваат со други злонамерно. „Жените гледаат други жени затоа што можат да се поврзат со нив, затоа што знаат колку е тешко да се одржува витка фигура или здрава коса“ – објаснила Хелен.

Што жените гледаат кај другите жени?

  1. Облеката
  2. Фризурата
  3. Тенот
  4. Обликот на телото
  5. Деколтето
  6. Целулитот
  7. Бојата на косата
  8. Големината на градите
  9. Обувките
  10. Чантата

Кога станува збор за комплименти, жените побрзо би им дале комплимент на друга жена отколку на маж. Речиси 50% од жените изјавиле дека им даваат комплименти на жени со кои не се познаваат, најчесто за облеката. Но, дури 86% не би му дале комплимент на маж со кого не се познаваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.