Почетна » Новости » Истражувања » Диетите водат до опаѓање на косата кај жените

Диетите водат до опаѓање на косата кај жените

ќелава жена

Стресот од денешниот начин на живот влијае врз нашето физичко и психичко здравје.

Изненадувачки е податокот дека една од три жени, на возраст над 25 години, страда во поголема или помала мера од опаѓање на косата. Точно 37% од жените се исправени пред овој голем проблем, кој ја убива нивната самодоверба. Тоа го покажаа резултатите од истражување во Велика Британија.

Една третина од испитаните жени признале дека проблемот со опаѓањето на косата предизвикал кај нив депресија, а една четвртина изјавиле дека тоа влијаело врз нивниот приватен живот.

Експертите веруваат дека главна причина за овие застрашувачки податоци е опсесијата на жените да бидат слаби.

Притисокот кој се создава врз жените за нивниот изглед, ги принудува да јадат помалку и да внесуваат многу малку хранливи материи. Косата е едно од најневажните ткива во нашето тело и поради тоа таа добива хранливи материи само ако претходно се задоволени потребите на виталните органи. Жените внесуваат малку хранливи материи и тие ретко достигнуваат до косата, објаснуваат експертите.

Навистина, телевизијата и списанијата постојано прикажуваат идеални жени со идеални лица и тела и тоа ја принудува реалната жена да презема што подрастични мерки за да го достигне тој идеал.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11368 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.