Почетна » Новости » Истражувања » Денешните жени се сè послободни во сексот

Денешните жени се сè послободни во сексот

Жените се многу послободни отколку во минатото кога станува збор за сексот. Денес претставничките на понежниот пол имаат двојно повеќе сексуални партнери отколку пред само 20 години. Податоците покажуваат дека жените денес имаат во просек по 8 сексуални партнери, додека пак мажите имаат по 12 партнерки.

Жена за време на секс

Сексуалниот живот на жените станува сè поавантуристички. Така, веројатноста една жена денес да експериментира сексуално со друга жена е за четири пати поголема отколку пред две децении. Истражувањето на University College London со над 15.000 возрасни лица открило и дека жените со повисоко образование се посклони кон сексуално експериментирање.

Сепак, возрасните лица денес имаат поретко секс отколку пред 10 години, а тоа најверојатно се должи на динамичниот начин на живот и зголемените работни обврски. Лицата на возраст од 16 до 44 години сега имаат секс во просек само три пати неделно, а пред 20 години лицата на истата возраст уживале во сексот пет пати неделно.

Исто така, жените денес повеќе имаат анален секс и ја губат невиноста на помлади години во споредба со претходните генерации. Просечната возраст на која жените ја губат невиноста сега е 16 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.