Почетна » Новости » Истражувања » Големо откритие во борбата со ракот: Канцерогени клетки претворени во нормални

Големо откритие во борбата со ракот: Канцерогени клетки претворени во нормални

Со години научниците се обидуваат да најдат начин како да ги трансформираат канцерогените клетки во нормални. Се чини дека нивниот сон полека станува реалност. Истражувачкиот центар на „Mayo Clinic“ во Флорида пронајде начин како да ги репрограмира канцерогените клетки и да ги претвори во бенигни клетки.

Клетки

Во нормални услови, клетките се делат со цел да се одржи клеточната популација. Овој процес на клеточна делба е строго контролиран. Но, доколку настане нарушување на механизмите кои ја контролираат клеточната делба, клетките се делат неконтролирано поради што настанува рак.

Посебни молекули нарекувани микроRNA ја спречуваат неконтролираната клеточна делба преку создавање на PLEKHA7 протеини. Кај туморските клетки има загуба на PLEKHA7 протеините, со што се јавува прекумерен и неконтролиран раст на клетките. Тимот на научници од „Mayo Clinic“ успеа да го врати нормалното нивото на PLEKHA7 протеините во туморските клетки и со тоа да ги трансформира назад во нормални.

„Во најголем дел од туморските примероци кои беа истражувани, откривме дека PLEKHA7 протеините не се присутни, додека E-cadherin и p120 (онкогени кои стимулираат клеточен раст) сè уште се присутни. Тоа е исто како да имате автомобил што се движи со голема брзина, кој има многу бензин (p120), но е без сопирачки (PLEKHA7)” – изјави д-р Анастасиадис, професор по биохемија и молекуларна биологија. Тој нагласи дека ова откритие може да овозможи „вклучување на сопирачките“ и враќање на нормалната клеточна функција.

Сè уште не е јасно дали овој успех којшто е постигнат во лабораториски услови, може да се примени како третман кај лица кои имаат малигно заболување, но во секој случај е огромен чекор напред.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.