Почетна » Новости » Истражувања » Во зимските денови луѓето преферираат романтични филмови

Во зимските денови луѓето преферираат романтични филмови

Ви студи? Научниците предлагаат да изгледате некој љубовен филм. Ново истражување покажало дека романтичните филмови можат да ни го затоплат срцето во студените зимски денови. Нема ништо поубаво од тоа да го прегрнете оној што го сакате и стуткани да изгледате некоја филмска романса, или пак, да посонувате за вистинскиот додека гледате среќна љубовна приказна.

Сцена од „Gone with the Wind“Сцена од романтичниот филм „Gone with the Wind“

Истражувачите од Универзитетот Хонг Конг и Универзитетот Колорадо тврдат дека кога чувствуваме физички студ, бараме емотивна топлина, што во овој случај би била романтиката од филмовите.

Во рамките на истражувањето, авторите ја проучувале поврзаноста на романтиката и топлината во контекст на филмски претпочитања. Биле направени четири лабораториски експерименти и една анализа на податоци од онлајн компанија за изнајмување на филмови.

Во првиот експеримент на учесниците им било дадено да се напијат топол или студен чај. Оние кои се напиле студен чај многу почесто избирале романтичен филм во споредба со другите филмски жанрови.

За вториот експеримент учесниците биле ставени во простории со различна собна температура биле добиени истите резултати, т.е. лицата кои биле во студени соби повеќе избирале романтични филмови.

Со цел да ги потврдат своите заклучоци, истражувачите анализирале каков жанр на филмови луѓето изнајмуваат во зависност од временските услови. Анализата покажала дека луѓето преферираат романтични филмови кога температурите се ниски.

Често се вели дека љубовта е топла и таа поврзаност секојдневно ја среќаваме во песните и поемите. Но, според ова истражување, поврзаноста меѓу романтичната љубов и топлината можеби не е само метафора.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.