Почетна » Новости » Истражувања » 50 ситници кои нè усреќуваат

50 ситници кои нè усреќуваат

Најголемите задоволства често доаѓаат во мали пакувања, а најмалите ситници имаат моќ силно да нè израдуваат. Понекогаш е сосема доволно да се истегнете во чисти чаршафи, да чуете „благодарам“, да пронајдете заборавени пари или да го почувствувате мирисот на утринското кафе за да ве обземе незаменливото чувство на среќа.

Среќа

Околу 2.000 возрасни лица биле прашани што ги усреќува, а истражувањето резултирало со креирање на интересна листа.

  • Спиење во чисти чаршафи
  • Кога сончевите зраци ви го галат лицето
  • Кога некој ќе ви каже благодарам или непознат ќе направи добро дело
  • Пронаоѓањето пари на места на кои не очекувате
  • Кога имате време само за себе
  • Силно смеење до болка
  • Гушкање на каучот со саканата личност
  • Пресно испечен леб
  • Кога ќе помогнете некому
  • Чувството на „чистота“ по туширање
  • Моментот кога омилената песна ќе засвири на радио
  • Пронаоѓање на добра зделка на распродажба
  • Слушањето на дождот додека сте надвор
  • Штотуку сварено кафе или чај
  • Среќа
  • Возбудата од свое лично постигнување
  • Долга топла бања
  • Зјапањето во нова снежна покривка
  • Свежо искосена трева
  • Топењето на чоколадо во вашата уста
  • Активност под отворено небо (трчање, возење велосипед)
  • Испржена сланина наутро
  • Кога му зборувате или кога си играте со своето милениче
  • Релаксирачка масажа
  • Петочната еуфорија
  • Совршено зготвено месо
  • Кога ќе се разбудите пред да заѕвони алармот и ќе сфатите дека имате уште време за спиење
  • Вежбање
  • Виножита
  • Среќа
  • Припомнувањето на името на некој што сте мислеле дека сте го заборавиле
  • Правењето на совршената торта/пита
  • Газењето по суви есенски лисја
  • Пукањето на најлонски балончиња
  • Пливање во езеро/море
  • Мирисот на нов автомобил
  • Кога танцувате како никој да не ве гледа
  • Мирисот на нови книги
  • Среќа
  • Мирисот на добро вино
  • Кога оставате известување за соработниците и колегите дека заминувате на одмор
  • Облекувањето на нов пар чорапи
  • Кога гледате како „чадот“ од вашата уста исчезнува низ студениот воздух
  • Разубавување на работниот простор
  • Пукањето на капакот кога ќе отворите нова тегла со џем
  • Притискањето на мозолче
  • Чистењето на ушите
  • Чиста бања
  • Кралското семејство (Не е изненадување ако се земе предвид фактот дека истражувањето било направено во Велика Британија.)
  • Пеење под туш
  • Наоѓање слободно седиште во јавен превоз
  • Кога ќе изберете портокал кој лесно се лупи
  • Отпетлување на фармерките по оброк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.