Почетна » Новости » Истражувања » 5 лични особини кои водат до подолг живот

5 лични особини кои водат до подолг живот

Жените во Македонија живеат во пресек 77 години (4,3 години подолго од мажите кои живеат во просек 72,7 години). Сите знаеме дека здравите навики како балансирана исхрана и редовна физичка активност можат да придонесат да се зголеми таа цифра и да ни го продолжат животот. Но, она што е помалку познато е дека одредени лични особини можат да ги зголемат свеќите на роденденската торта над 77, затоа што се поврзани со долговечноста.

Среќна жена

Еве неколку од карактеристиките на луѓето кои веројатно ќе имаат подолг животен век:

  1. Често се смеат. „Кога започнав да работам со стогодишници, си мислев дека во одредена мера ќе откриеме дека преживеале толку долго затоа што се лоши и склони кон кавги. Но, кај нив откривме квалитети кои јасно го отсликуваа нивниот позитивен став кон животот“ – изјавил д-р Нил Барзилаи, директор на Ајнштајн Институтот, одговорен за проектот „The Longevity Project“ којшто вклучува истражувања од изминативе 80 години.
  2. Оптимисти. Истата студија покажала дека лицата кои ја гледаат чашата како полу-полна, а не како полу-празна, живеат подолго.
  3. Друштвени. „Како човечки суштества, ние ги земаме врските со луѓето здраво за готово – ние сме како риби кои не ја забележуваат водата. Константната поврзаност не носи само психолошки бенефиции, туку директно е поврзана и со физичкото здравје“ – изјавил Тимоти Смит, којшто заедно со свои колеги проучувал 148 различни студии.
  4. Среќни. „Бев изненаден што ефектот на среќата е толку силен, дури и кај луѓе со хронични болести“ – изјавил професорот Ендрју Степто, базирајќи ја својата изјава на истражување со 3.000 лица. Не грижете се, бидете среќни и ќе живеете подолго.
  5. Екстравертни. Луѓето кои уживаат да присуствуваат на големи собири, обожаваат да комуницираат со многумина, покажуваат ентузијазам во разговорите и се зборлести, имаат и подолг живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.