Почетна » Новости » Истражувања » 3 ефективни стратегии за здраво слабеење

3 ефективни стратегии за здраво слабеење

Сакате да слабеете ефективно? Најдобрата стратегија е да запишувате сè што јадете и пиете во дневник, тврдат американски истражувачи.

По едногодишно истражување во кое учествувале жени со прекумерна телесна тежина, истражувачите заклучиле дека најважно е во секој момент да сме свесни колку и каква храна консумираме.

Дневник за исхрана

„Тешко е да направите промени во начинот на исхрана ако внимателно не набљудувате што јадете“ – изјавила д-р Ен МекТирнен, директорка на Центарот за истражувања за рак Фред Хачинсон.

Во текот на истражувањето, жените коишто воделе дневник ослабеле речиси 3 килограми повеќе во споредба со жените кои не запишувале што јаделе во текот на денот.

Освен водењето дневник, истражувачите откриле дека е многу важно да не се прескокнуваат оброците и да се јаде дома, а не во ресторани.

Жените кои прескокнувале оброци со идејата да ослабат, на крајот внесувале повеќе храна и слабееле во просек со 3,5 килограми помалку од жените кои се хранеле редовно.

Очекувано, истражувањето покажало и дека жените кои барем еднаш неделно ручале во ресторан наместо дома слабееле со 2,3 килограми помалку од жените кои не посетувале ресторани толку често.

„Сметаме дека резултатите даваат надеж затоа што покажуваат дека основните стратегии како водење на дневник, избегнување на хранењето во ресторани и редовни оброци се едноставни алатки кои жените по менопаузата (група којашто има голем ризик од појава на дебелина) можат да ги користат за успешно да слабеат“ – објаснила Ен.

Ако сакате да водите дневник за исхрана, експертите советуваат да бидете:

  • Искрени – да запишувате буквално сè што јадете и пиете;
  • Прецизни – правилно да ги читате етикетите и да ги мерите порциите;
  • Целосни – да вклучувате детали како била приготвена храната;
  • Постојани – да запишувате сè, секој ден, без прескокнување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.