Почетна » Новости » Истражувања » 20 нешта за кои родителите најмногу жалат

20 нешта за кои родителите најмногу жалат

Децата растат брзо, понекогаш и со молскавична брзина, па родителите пред да трепнат пред себе имаат возрасни личности. Само фотографиите остануваат да ги потсетат дека нивните најмили некогаш биле „метро и жилет“.

Кога би можеле да ги вратат годините назад, многу родители би го искористиле поинаку времето додека нивните деца се мали. Истражување на „Huggies Little Swimmers“ покажало дека 75% од родителите жалат за нешто што го правеле или не го правеле во детството на нивните најсакани, а 60% од нив би постапиле поинаку кога повторно би имале шанса.

Мајка и ќерка

Родителите најмногу жалат затоа што:

  1. Премногу работеле.
  2. Премногу се грижеле за малите нешта кои всушност биле неважни.
  3. Не играле почесто со децата.
  4. Не оделе на повеќе семејни одмори.
  5. Не направиле доволно фотографии.
  6. Поминувале премногу време далеку од своите деца.
  7. Не снимиле доволно настани и постигнувања во животот на децата.
  8. Не ги однеле на голем одмор, како патување во Дизниленд.
  9. Не ги поттикнале да започнат некое хоби или да имаат повеќе хобија.
  10. Немале заедничко хоби со децата.
  11. Не им читале доволно често на децата пред спиење.
  12. Премногу се грижеле да ја одржуваат куќата чиста.
  13. Не ги носеле децата доволно често да пливаат.
  14. Не им дозволувале на децата почесто да се вклучуваат во „валкани“ активности.
  15. Не ги научиле децата да пливаат порано.
  16. Не биле присутни за време на значајни моменти во животот на нивните деца.
  17. Не ги искористиле максимално родендените и празниците поминати со децата.
  18. Биле премногу заштитнички настроени.
  19. Секогаш биле во очекување на идниот голем настан во развојот на децата, наместо да уживаат во сегашниот.
  20. Не уживале во повеќе денови поминати надвор со децата.

Во истражувањето учествувале 2.000 родители.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.