Почетна » Новости » Истражувања » 20 најлоши особини на свекрвите

20 најлоши особини на свекрвите

Народните приказни редовно ги потенцираа војните помеѓу снаите и свекрвите. Иако во реалноста односите снаа-свекрва не се толку кошмарни како во приказните, сепак во многу семејства тлее мала тензија помеѓу двете најважни жени во животот на мажот.

Ново истражување покажало дека 40% од сопругите признаваат дека односите со свекрвите не им се баш најсјајни, а поводите за малите битки се најразлични – од кавгите за најправилниот начин за растење на децата, па до чувството за стил.

Свекрва

Истражувањето направено од компанијата OnePоll во кое учествувале 2.000 возрасни лица, открило и дека секоја десетта жена има целосно нарушени односи со свекрвата.

За што најмногу се раѓаат конфликтите помеѓу снаите и свекрвите? Врз основа на добиените резултати, од OnePoll направиле листа на најлоши особини на свекрвите кои ги вадат снаите од такт.

  1. Го кажуваат своето мислење за тоа како треба да се растат и воспитуваат децата.
  2. Се однесуваат како секогаш да знаат што е најдобро.
  3. Велат: „Во мое време, ние правевме...“
  4. Ги критикуваат вашите способности како мајка.
  5. Им даваат на децата премногу брза храна.
  6. Се однесуваат како да знаат што сакаат и не сакаат децата.
  7. Не слушаат.
  8. Измислуваат дека го познаваат својот син подобро од вас.
  9. Веднаш по влегувањето започнуваат да средуваат низ вашиот дом.
  10. Се мешаат во вашите финансии.
  11. Си земаат заслуга за добрите особини на својот син, бидејќи тој ги наследил од нив.
  12. Го прашуваат својот син: „Дали се храниш добро? Ми изгледаш ослабен.“
  13. Ви кажуваат: „Би можела да подослабиш малку.“
  14. Инсистираат да зборувате на фиксен наместо на мобилен телефон.
  15. Ви велат: „Мора да започнете да мислите на тоа да добијам внучиња, не се подмладувате.“
  16. Бараат од вашиот партнер да чува тајни од вас.
  17. Го критикуваат вашиот аутфит.
  18. Одбиваат да ги слушаат вашите совети кога ви ги чуваат децата, бидејќи „веќе израснале свои деца“.
  19. Ги критикуваат оброците кои ги служите, затоа што користите полуготови производи.
  20. Ви купуваат освежувач за воздух кога престојуваат во вашиот дом.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.