Почетна » Новости » Истражувања » 20 начини на кои жените најчесто се критикуваат себеси

20 начини на кои жените најчесто се критикуваат себеси

Дали жените се најголемите убијци на својата самодоверба? Ново истражување покажа дека претставничките на понежниот пол се критикуваат себеси во просек по осумпати дневно.

Според истражувањето направено од „Weight Watchers“, секоја седма жена често се самокритикува во текот на денот, а негативните коментари најчесто се однесуваат на изгледот, карактерот или професионалниот успех.

Исто така, 46% од испитаниците признале дека имаат негативни мисли за себе барем еднаш пред 9:30 часот наутро, 42% се изјасниле дека никогаш не си даваат комплименти, а 89% објасниле дека никогаш не би се опсипувале себеси со комплименти, како што тоа го прават со своите пријатели.

Испитувањето било направено со 2.000 жени и е дел од „WomanKind“, кампања која истражува зошто модерните жени се строги кон себеси и како тие можат да се спротивстават на таа навика.

Жена

Начини на кои жените најчесто се самокритикуваат

  1. „Премногу сум дебела/ имам прекумерна тежина“
  2. „Косата ми е хаос“
  3. „Стомакот ми изгледа голем“
  4. „Не вежбам доволно“
  5. Се чувствувате запуштено покрај други жени
  6. „Не заработувам доволно пари“
  7. „Денес се чувствувам дебело“
  8. Не носите одредена облека бидејќи сметате дека нема добро да ви стои
  9. „Посакувам да бев фотогенична како другите жени на социјалните мрежи“
  10. Ги одбивате комплиментите со тоа што кажувате нешто негативно за себе
  11. Се грижите дека луѓето ви зборуваат зад грб
  12. „Не се чувствувам доволно дотерана“
  13. „Немам добар стил“
  14. За тоа дека немате доволно секс со партнерот
  15. „Не сум креативна како другите жени“
  16. „Задникот ми изгледа голем“
  17. „Не сум организирана како другите жени“
  18. За тоа дека не поминувате онолку време со пријателите, колку што треба
  19. „Не сум доволно нашминкана“
  20. За тоа дека не сте му привлечни на партнерот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.