Почетна » Новости » Занимливости » „Ќерка на ноќта“: Тинејџерка исмејувана поради екстремно црната кожа стана Instagram сензација

„Ќерка на ноќта“: Тинејџерка исмејувана поради екстремно црната кожа стана Instagram сензација

Кој последен се смее, најслатко се смее.

Девојка, која во минатото била исмејувана поради бојата на кожата, стана интернет сензација токму поради екстремно црниот тен. Таа не дозволува негативните коментари да ја разочараат, туку секојдневно избира да се сака себеси онаква каква што е.

Клаудија Диоп Клаудија Диоп Клаудија Диоп Клаудија Диоп Клаудија Диоп

Клаудија Диоп од Сенегал, која себеси се нарекува „Божица на меланинот“, е 19-годишен модел од Њујорк. Инспиративната девојка сега чекори во модниот свет поради својата различност, која некогаш ѝ носела само потсмев и негативни коментари.

„Како дете бев постојано задевана поради тенот на кожата од страна на другите деца, но сега и онлајн, луѓето ми упатуваат коментари“ – открива Клаудија. „Ми даваа прекари како црнче и ќерка на ноќта. Измислуваа секакви имиња, мислејќи дека ќе се чувствувам лошо поради мојата боја, погодете што, ми се допаѓаа сите и им покажав колку не ми е гајле за нивното мислење. Како што растев, секој ден учев да се сакам себеси и да не им обрнувам внимание на негативните луѓе, што многу ми помогна“ – додава таа.

Клаудија Диоп Клаудија Диоп Клаудија Диоп Клаудија Диоп

Преку својот профил на Instagram melanin.goddess, Диоп се обидува да ги инспирира младите девојки и да им покаже дека сите жени се божици и однатре и однадвор. „Пораката до моите сестри е дека не е важно како изгледаш сè додека се чувствуваш убаво однатре“ – вели таа.

Целта на Клаудија е да ги промени перцепциите на луѓето за убавината и да ги поттикне луѓето да се сакаат онакви какви што се.

„Ако сте доволно среќни да сте различни, не се менувајте никогаш“ – порачува таа.

Клаудија Диоп Клаудија Диоп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.