Роденденска фотосесија на три девојчиња со Даунов синдром стопли илјадници срца ширум светот.
Кејт, Харпер и Мае се родени во истата недела и својот прв роденден го одбележаа со заедничка фотосесија со преслатка облека и роденденски торти.



„Кејт, Харпер и Мае се најслатките мали девојчиња кои некогаш ќе ги запознаете и тие штотуку наполнија една година. Секое од девојчињата има минато низ големи операции на срцето во првите неколку месеци живот. Сите три бебиња имаат минато значителен дел од нивната прва година живот во болница, под грижа на медицински тим и сега овие воини се просперитетни и среќни, прославувајќи ги своите први родендени“ – пишува во описот на Facebook.




Слатката фотосесија е направена по повод Светската недела на доењето, бидејќи трите девојчиња и покрај здравствените компликации, се доени од нивните мајки.
Многу семејства во светот се советувани да не ги дојат бебињата со Даунов синдром и се убедувани дека тоа не е возможно поради слабиот мускулен тонус и други компликации поврзани со ова нарушување.






