Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го стопи срцето: Радосна средба на детенце со мајка му болна од рак

Ќе ви го стопи срцето: Радосна средба на детенце со мајка му болна од рак

Емотивното видео во кое самохрана мајка повторно се среќава со своето мало синче по тринеделно отсуство поради хемотерапија ќе ви го стопи срцето.

Неизмерна радост се чита на лицата на Лора Мартенсик и нејзиниот 2-годишен син Џејмс кои весело се прегрнуваат по неколкунеделната разделба.

Лора води втора битка со рак. Во летото 2013 година неа ѝ бил дијагностициран Хоџкинов лимфом. Откако поминала низ тежок период на лекување, резултатите покажувале дека ужасната болест ја губи битката. Но, во септември минатата година, Лора дознала дека ракот повторно се вратил.

На Нова година таа била примена в болница, каде минала низ мачна хемотерапија. Во меѓувреме, Џејмс живеел со сестрата на Лора, која и го снимила виралното видео.

Лора е категорична дека враќањето кај малиот Џејмс не се опишува со зборови. „Не може да се опише со зборови, тоа е најубавото чувство на светот. Апсолутно ништо друго не е подобро од тоа да го гледам и да ги добивам тие прегратки“ – рекла таа во интервју за Today.

ЛораПоради големите трошоци за лекување, Лора има започнато онлајн иницијатива за финансиска помош Лора и ЏејмсЛора и Џејмс фотографирани минатата година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11210 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.