Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го скрши срцето: Фотографија од тинејџерка со аутизам на чиј роденден не отиде ниту еден поканет

Ќе ви го скрши срцето: Фотографија од тинејџерка со аутизам на чиј роденден не отиде ниту еден поканет

Никој не сака роденденот да го помине сам. Фотографија од тинејџерка со аутизам, на чиј роденден не се појави ниту еден од поканетите гости, ќе ви го скрши срцето.

Хали

Хали Соренсон ги поканила сите свои соученици и пријатели на прославата за својот 18. роденден надевајќи се на добра забава, смеа и радост. Но, откако никој од поканетите не се појавил, таа била многу тажна.

Фотографијата била направена за нејзиниот роденден минатата година во јули, но нејзината братучетка Ребека ја сподели на социјалните мрежи пред само неколку дена. Таа ги замоли луѓето да ја покажат својата добродушна страна и да ѝ испратат на Хали роденденски честитки за нејзиниот 19. роденден што се ближи.

Со цел да се обиде да ѝ го подари на Хали роденденот кој го заслужува, Ребека во описот на фотографијата напиша: „Ова е мојата братучетка Хали. Би сакала да ви кажам малку за неа. Најпрво, таа е убава млада жена и однатре и однадвор. Таа ја осветлува собата со нејзината насмевка. Хали е шеговита, слатка, грижлива, паметна, атлетичарка, шампион во сложување сложувалка, одлична ученичка и најдобра пријателка на сите. Хали е неверојатна личност – личност за која се гордеам што ми е роднина. Таа исто така е личност која има аутизам. Хали никогаш не дозволува тој мал детаљ да ја дефинира како личност – па затоа јас не сакам да го користам тоа за да ја опишам. Нејзиниот роденден се наближува и јас сакам да побарам услуга од вас.

Подолу има фотографија од Хали на забавата за нејзиниот 18. роденден минатата година. Таа беше многу возбудена за забавата со пријателите. Сакаше да оди на куглање, да се забавува и да јаде торта и сладолед. Поканите беа испратени до нејзините соученици и пријателите. Хали седеше таму нервозно чекајќи ги да пристигнат за да можат да се забавуваат... но нејзините пријатели никогаш не пристигнаа. Ниту еден од нив. Подолу има фотографија од неа како слави сама – јадејќи ја својата роденденска торта. Мојата братучетка е убава млада жена која секогаш ќе има ум на дете, па можете да замислете, ѝ беше скршено срцето и беше тажна. Беше повредена...

Но, можете да помогнете да го направиме нејзиниот роденден оваа година неверојатен. Би сакала да се исполни нејзината поштенска кутија со роденденски картички од секаде од светот. Хали сака да добива пошта и ова ќе биде најубавиот подарок за неа. Ако можете да најдете време, неколку минути од вашиот ден, да ѝ испратите картичка ќе ви бидам вечно благодарна. Тоа ќе ѝ значи многу и на нејзината мајка. Замислете вашето дете да плаче на роденденот. Ќе ви се скрши срцето“ – стои во постот.

Ребека сподели и дека добродушни лица се понудиле и да ѝ испратат подароци.

Хали со мајка сиХали со мајка си Хали Хали Хали

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.