Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве разнежнат: Малите ангелчиња кои го победија ракот повторно заедно

Ќе ве разнежнат: Малите ангелчиња кои го победија ракот повторно заедно

Врската на трите мали ангелчиња, кои на рана возраст извојуваа победа над ракот, е нераскинлива.

Имено, пред три години фотографија од Риен, Ејнсли и Рајли, направена додека тие се бореа со различни форми на рак, го обиколи светот. На неа, трите девојчиња позираат прегрнати и со затворени очи.

ДевојчињаПрвата заедничка фотографија кога трите девојчиња страдаа од различни форми на рак

Секоја година тие ја пресоздаваат виралната фотографија, но со таа разлика што сега позираат со отворени очи и широки насмевки – што укажува на среќната вест дека сите успеаја да го победат ракот.

Оваа година, храбрите девојчиња направија две фотографии. „Правиме нешто поразлично секоја година. Оваа година, девојчињата позираа со златна панделка, која е симбол на борбата против ракот, како и со златни светулки“ – вели фотографката која стои зад фотосесиите.

Ејнсли, Рајли и Риен Ејнсли, Рајли и Риен ДевојчињаДевојчињата се забавуваат на снимањето на фотосесијата

Денес Риен има 9 години, но за жал таа секогаш ќе има физички потсетник за болеста. Поради радијацијата, нејзината коса престана да расте, а очите ѝ се подзатворени поради локацијата на туморот во нејзиниот мозок. „Без разлика на сè, таа е неверојатно среќно и весело девојче“ – вели фотографката.

7-годишната Ејнсли во моментов е првоодделенка, а нејзин сон бил да стане мајка, пејачка и научник. „Таа е многу енергична и секогаш пее“ – изјавила фотографката за Ејнсли.

Рајли, која ја опишуваат како девојче што секогаш се смее, сега има 6 години и обожава гимнастика и танцување.

ДевојчињаФотографијата од минатата година кога го победија ракот „Првата фотографија на која се со затворени очи покажува дека тие се поддржуваа една со друга за време на битката и се прегрнуваа за да се утешат, а овој пат сакав да покажам дека нивната врска е сè уште силна и дека тие го победија ракот заедно“ – изјавила фотографката за фотосесијата минатата година. Ејнсли, Рајли и Риен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.